Почина соул легендата Бил Витерс, авторот на „Ain’t No Sunshine“ и „Lean on Me“ ВИДЕО

1,280

Бил Витхерс, американскиот соул пејач, кој ги напиша и испеја хитовите како „Lean on Me“, „Ain’t No Sunshine“, „Just The Two of Us“ и „Lovely Day“, почина на 82-годишна возраст поради проблеми со срцето, потврдија членовите на неговото семејство, пишува „Гардијан“.

–  Скршени сме од загубата на нашиот сакан сопруг и татко. Тој ги спојуваше луѓето. Живееше мирен и повлечен начин на живот во кругот на своето семејство и пријателите, но неговата музика засекогаш му припаѓа на целиот свет. Во овие тешки моменти, се надеваме дека неговата музика ќе им обезбеди утеха на неговите обожаватели – соопштило семејството на Витхерс.






Тој три пати има освоено „Греми“ награда, а во екот на пандемијата на коронавирусот, бројни здравствени работници, како и уметници ја обработија неговата песна „Lean On Me“ и истaкнуваа дека им помага во овие тешки времиња. Во песната „Lovely Day“ пееше за убава жена, а на крајот на песната го држи тонот цели 20 секунди, што е рекорд за која било песна на американската топ-листа.

„Lean On Me“, ода на поддржувачката моќ на пријателството, беше изведена на инаугурациите на американските претседатели Барак Обама и Бил Клинтон.

Обожавателите и светски познатите личности се простуваат од музичарот на социјалните мрежи.

 

Поврзани содржини