Познатиот моден новирнар, уредник и сопруг на славниот дизајнер Том Форд, Ричард Бакли, почина на 72-годишна возраст.
Тажната веста ја потврдија и портпаролите на Форд за странските медиуми и истакнаа дека Ричард починал мирно во нивната куќа во Лос Анџелес. Покрај него биле Том и синот Џек кој го добија со помош на сурогат-мајка.
Бакли беше моден новинар кој ја започна својата кариера во списанието Њујорк, а потоа продолжи со публикации во кои беа вклучени Women’s Wear Daily и Vanity Fair. Тој беше уредник на списанието „Мирабела“, соработник на „Вог“, Италија, и главен уредник на „Вог Хомес Интернационал“.
Ричард и Том Форд се запознале во 1986 година на модна ревија. Се венчаа во 2014 година, а во бракот, со помош на сурогат мајка, добија син, Александар Џон Бакли Форд. Во една прилика, тој изјави за странските медиуми дека знае дека ќе го помине остатокот од животот со него штом ќе го запознае.
ФОТО: Инстаграм