Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и директор на МРТВ
Во телевизијата работеше од 1969. година. Во јуни 2010 година замина од телевизијата.
Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар, дипломиран правник и поранешен директор на Македонската радио телевизија.
Трајковски беше именуван за генерален директор на МРТВ во јуни 1996. година, од страна на Собранието, по разрешувањето на Мелпомени Корнети.
Во телевизијата работеше од 1969. година. Во јуни 2010 година замина од телевизијата.
Во 2013. година беше присутен и на протестите против власта пред МРТВ кога на поранешните колеги им кажа да не молчат и да се ослободат од режимот.