ПОЧИНА СЛАВНИОТ АКТЕР Збогум, Вилијам Харт

Американскиот актер Вилијам Харт починал денеска на 71-годишна возраст.

736

Вилијам Харт, оскаровецот кој глумеше во филмовите „Телесни страсти“, „Големото студенило“ и „Вести“, како и во ТВ-серијата „Кондор“ почина на 71-годишна возраст.

„Со голема тага ја информираме јавноста дека Вилијам Харт, саканиот татко и добитник на Оскар, почина само една недела пред неговиот 72-ри роденден. Почина мирно, со природна смрт, опкружен со своето семејство. Неговите најблиски се молат за приватност во овој момент“, напишал синот на Харт, Вил.






Харт беше номиниран за Оскар три пати во средината на 1980-тите: „Kiss of the Spider Woman” (1985), „Children of a Lesser God” (1986 и „Broadcast News“ (1987). За првиот ја доби наградата Оскар.

 

 

Поврзани содржини