ПОЧИНА СЛАВНИОТ АКТЕР ОД ХИТ СЕРИЈАТА „ОВА СМЕ НИЕ“ Долги години се борел со болест на белите дробови
Актерот почина поради долгогодишен проблем со хронична болест на белите дробови.
Рон Сифас Џонс, филмскиот и театарски актер, почина на 66-годишна возраст, соопштено е во саботата.
Актерот почина поради долгогодишен проблем со хронична болест на белите дробови.
Џонс имал „долгогодишен пулмонален проблем“, изјави неговиот менаџер за американските медиуми. Тој имал двојна трансплантација на белите дробови во 2020 година, пренесуваат медиумите.
„Неговата топлина, убавина, дарежливост, добрина и срце ги почувствуваа сите што имаа среќа да го запознаат“, изјавил менаџерот на Џонс, Ден Спило.
Актерот беше најпознат по улогата на Вилијам Хил во серијата „Ова сме ние“ (This Is Us), а оваа улога му донесе две Еми награди за најдобар гостувачки актер во драмска серија.
Тој, исто така, глумеше во многу други остварувања, меѓу кои „Закон и ред: организиран криминал“, „Подобри работи“, „Лук Кејџ“, „Барајќи ја Алјаска“…
ФОТО: Инстаграм