ПОЧИНА СЛАВНИОТ АКТЕР ОД ЏЕЈМС БОНД Играше и херој и негативец во култните филмови за тајниот агент 007
Американскиот актер Џо Дон Бејкер остана запаметен по своите улоги во три филма за Џејмс Бонд, каде што имаше ретка можност да го портретира и негативецот и сојузникот на најпознатиот таен агент во светот.
Џо Дон Бејкер почина на 89-годишна возраст на 7 мај, потврди неговото семејство.
Американскиот актер Џо Дон Бејкер остана запаметен по своите улоги во три филма за Џејмс Бонд, каде што имаше ретка можност да го портретира и негативецот и сојузникот на најпознатиот таен агент во светот.
„Додека се збогуваме со Џо Дон, ги чуваме спомените и љубовта што ја сподели со нас“, се вели во соопштението на неговото семејство. „Иако тој повеќе не е со нас телесно, неговиот дух засекогаш ќе остане – светилник во животите што ги допре. Почивај во мир, Џо Дон. Многу ќе ни недостасуваш, но никогаш нема да ни бидеш заборавен.“
Роден на 12 февруари 1936 година, во Гроусбек, Тексас, Бејкер играл американски фудбал за колеџот Дражава Северен Тексас, а по дипломирањето во 1959 година, отслужил две години во армијата. Потоа, се преселил во Њујорк, каде што студирал глума во познатото „Актерско студио“.
View this post on Instagram
Во светот на Џејмс Бонд, Бејкер првпат го играше негативецот Бред Витекер во филмот „ The Living Daylights“ од 1987 година, каде што Бонд го играше Тимоти Далтон. Подоцна ја смени страната и стана агент на ЦИА, Џек Вејд, во филмовите „Златно око“ (1995) и „Утре никогаш не умира“ (1997), каде што улогата на Бонд ја играше Пирс Броснан.
Џо Дон Бејкер е еден од само тројцата актери кои играа и непријател и сојузник во франшизата за Бонд, што го прави посебна фигура во историјата на овој култен серијал.