ПОЧИНА СКОПЈАНЕЦОТ ИБРАХИМ ХАЈРАДИНОВИЌ ИБРО Пејачот од „Никогаш не е доцна“
Веста за неговата ненадејна смрт ја потврдија неговите пријатели, кои истакнаа дека тој се борел како лав една година по операцијата на панкреасот.
Ибрахим Хајрадиновиќ Ибро, пејачот од Скопје и годинашен натпреварувач на шоу програмата „Никогаш не е доцна“, почина денеска на 60-годишна возраст.
Веста за неговата ненадејна смрт ја потврдија неговите пријатели, кои истакнаа дека тој се борел како лав една година по операцијата на панкреасот.
– Се бореше со сите сили до крај, но за жал, не издржа – рекле и додале дека во вторник ќе биде испратен на вечно почивање, пишува „Гранд онлајн“.
Ибрахим минатата недела настапи на натпреварот каде истакна дека благодарение на шоуто повторно ја добил волјата за живот, но и желбата за пеење.
– Ибро е еден од победниците на овој серијал, секој негов настап дефинитивно покажува дека е на вистинското место и дека е вистински борец – коментирал тогаш Саша Милошевиќ Маре, додека Сања Вучиќ воодушевено рекла дека ѝ се допаѓа начинот на кој Ибро го доживува натпреварувањето.
Хајрадиновиќ е роден во Сјеница во 1962 година. Почнал да пее во 1983 година, кога учествувал и победил на познатиот пеачки натпревар „Распеана есен“. Како награда, тој добил да сними песна, но никогаш не ја искористил.
Пред себе имал успешна музичка кариера, но очигледно порочниот, бурен живот и големата љубов кон парите го спречиле да постигне сѐ што сонувал во младоста.
– Никогаш не сум бил добар коцкар, тоа е проблемот – признал Ибро, кој во текот на животот заработил многу пари, но знаел за еден ден да потроши сѐ.
Пред една година имал операција на панкреасот поради која ослабел дури 40 килограми, но поради натпреварувањето ветил дека ќе се врати на старото. Во вториот круг се пофали дека се здебелил 4 килограми, и дека не планирал да застане тука.
Тој се развел пред 10 години и зад себе оставил три неутешни ќерки и една внука.
ФОТО: Јутјуб