ПОЧИНА ШИНЗО АБЕ Поранешниот премиер на Јапонија им подлегна на повредите

Полицијата на префектурата Нара на лице место го уапсила Тецуја Јамагами (41) од префектурата Нара. Тој поседувал предмет кој изгледа како пиштол во близина на местото на нападот.

645

Поранешниот премиер Шинзо Абе починал откако беше застрелан од маж за време на говорот во градот Нара во западна Јапонија, објави јапонската телевизија НХК. Тој имаше 67 години.

Абе држеше предизборен говор за кандидат на изборите во близина на станицата Јамато-Саидаиџи на „Kintetsu Railway Co.“ кога беше застрелан околу 11:25 часот.






Тој беше пренесен во медицинската универзитетска болница Нара, но беше во состојба на кардиопулмонален застој.

Полицијата на префектурата Нара на лице место го уапсила Тецуја Јамагами (41) од префектурата Нара. Тој поседувал предмет кој изгледа како пиштол во близина на местото на нападот.

Изборите за Домот на советниците ќе се одржат на 10 јули.

Тој првпат стапи на премиерската функција на 52-годишна возраст, со што е најмлад премиер на Јапонија, но и со најдолг премиерски стаж.

Абе беше премиер една година во 2006 година, а повторно се кандидираше и ја презеде премиерската функција во 2012 година, само една година по разорниот земјотрес и цунамито што предизвика нуклеарната катастрофа во нуклеарната централа во Фукушима. Во август 2020 година Абе предвреме се повлече од функцијата поради здравствени проблеми односно поради улцеративен колитис.

Тој беше наследен од неговиот партиски сојузник Јошиде Суга, а подоцна од актуелниот премиер на Јапонија, Фумио Кишида.

Нападот врз ја шокираше Јапонија, земја со една од најниските стапки на криминал поврзан со оружје.

Јапонија има исклучително ригорозни закони за контрола на оружјето. Во 2018 година во Јапонија имало само девет убиства со огнено оружје, а во САД истата година регистрирани се 39.740 убиства.

Во Јапонија дозволено е да се продаваат само пушки сачмарки и воздушни пушки. Пиштолите се забранети, а стекнувањето со пиштол е долг и комплициран процес. Односно, секој што сака да купи огнено оружје во Јапонија мора да помине цел ден на часови и да помине писмен тест. После тоа, лицето мора да постигне 95 проценти успех на стрелиште. Има и процена на менталното здравје, тест за дрога и многу обемна проверка дали лицето било казнувано, сали било вмешано во организиран криминал, каква е неговата финансиска состојба и неговите односи со семејството и пријателите.

Поврзани содржини