ПОЧИНА САШО СТЕФАНОВСКИ Пишуваше под псевдонимот Џанго Помалиот

2,376

Почина македонскиот писател, блогер и режисер Сашо Стефановски попознат под псевдонимот Џанго Помалиот. Тој е роден е во 1965 година во Скопје.

Стефановски пишуваше куса проза која ја објавуваше како Џанго Помалиот. Расказите ги објавуваше на Фејсбук и на интернет-порталот Окно, а во 2018 година ја објави збирката „Намали малце чалам“ која претставува осврт врз урбаниот маалски живот во скопската населба Кисела Вода.






Тој е автор на наградениот драмски текст „Модерна алхемија“ што самиот го режирал во МКЦ кон крајот на 1980-тите.

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).

 

Поврзани содржини