ПОЧИНА РОДИЛКА НА 26 ГОДИНИ НА ГИНЕКОЛОГИЈА ВО ЧАИР Жената била донесена во тешка здравствена состојба
Синоќа, кај пациентката дошло до бурно влошување на и така лошата здравствена состојба, со знаци за сериозно компромитирање на белодорбната функција со развој на белодробен едем, пад на сатурацијата под 80 отсто, белодробен наод и агитираност.
Синоќа на Гинекологија во Чаир почина родилка на 26 години, информира Министерството за здравство.
Како што е соопштено, на родилката со царски рез ѝ било извадено машко бебе кое по смртта на мајката е пренесено на Клиниката за детски болести. Жената која имала висок крвен притисок, на гиноколигија е донесена во многу лоша здравствена состојба, при што е утврдено и дека бременоста не била соодветно конторлирана.
„Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во вакава лоша состојба таа била во предходните 4 дена во кои ниту еднаш, до вчеравечер не побарала лекарска помош. На увид од извештаите во електронската база „Мој термин“ констатирано е дека станува збор за недоволно контролирана бременост, со само една предходна контрола во 30 недела од бременоста кога за првпат е утврено присуство на висок пристисок. Тогаш на пациентката и била ординирана терапија и дадени напатствија за интензивен мониторинг и болнички контроли. Според кажувањето на семејството, пацинетката не одела на контроли, а терапија пиела повремено“, се вели во соопштението.
Синоќа, кај пациентката дошло до бурно влошување на и така лошата здравствена состојба, со знаци за сериозно компромитирање на белодорбната функција со развој на белодробен едем, пад на сатурацијата под 80 отсто, белодробен наод и агитираност.
„Истовремено мониторингот на плодот покажал сериозно загрозување на благоостојбата на плодот. Поставена е индикација за crash интубација и итен царски рез. Во операциона сала паралелно по интубацијата констатиран кардиоциркулаторен колапс и паралелно со постапки за кардио-пулмонална ресусцитација отпочнат е царски рез. Породен е жив машки плод кој по иницијалната стабилизација е префрлен на Клиника за детски болести. Кај пациентката, за жал и покрај сеопфатни мерки за ресусцитација уследила општа срцевобелодробна декомпензација и кај пациентката во 22.10 часот настапи смрт“, се вели во соопштението.