Ричард Донер, холивудскиот режисер најпознат по филмовите „Супермен“ и „Смртоносно оружје, почина на 91 година.
Тој починал во понеделникот, рекла неговата сопруга, филмската продуцентка Лорен Шулер Донер, пренесува „Дедлајн“.
Неговиот прв голем пробив во светот на кинематографијата беше во 1976 година, кога беше објавен филмот „Претскажување“, со Грегори Пек во главната улога.
Подоцна ги продуцирал филмовите „Free Willy“ и „The Lost Boys“.
Режисерот Стивен Спилберг за него рекол дека е надарен за многу жанрови.
– Да се биде во негово друштво е слично на дружење со вашите омилени тренери, најпаметни професори, најдобри пријатели, сојузници. Беше детинест. Со сето срце, цело време. Не можам да верувам дека повеќе го нема, но неговото смеење ќе остане со мене засекогаш – изјавил Спилберг.
Донер е роден во Њујорк, а на почетокот од ’60-тите започнал со работа на телевизија. Бил ангажиран во антологиската серија The Twilight Zone и шпионскиот трилер The Man From Uncle.