Почина режисерот на „Бетмен“, Џоел Шумахер

404

Холивудскиот режисер Џоел Шумахер почина на 80 години во Њујорк, по тешката борба со ракот.

Шумахер зад себе има богата кариера на филмови. Адаптираше два романи на Џон Гришам, „Клиент“ и „Време за убиство“.






Негови режисерски дела се и кулните филмови „Оган на Свети Елмо“, Изгубени момчиња“ и „Тенка линија на смртта“,

Освен тоа, Шумахер ги режираше и „Денот на лудило“, како и „8 Милиметри“, но на многумина ќе им остане најпознат како режисер на два филма за Бетмен.

Тој стои зад „Бетмен засекогаш“ од 1995 година, и „Бетмен и Робин“ – две години подоцна.

Тој доби и три нонимации за Оскар за филмот „Фантоми од операта“ од 2004 година.

 

FOTO: Jutjub

Поврзани содржини