Почина Раде Гогов, првоборец во народната борба против фашизмот

702

Денеска почина првоборецот и носител на Партизанска споменица 1941, Раде Гогов. Тој беше учесник во Народноослободителната и антифашистичка борба во 1941 година, соопшти Сојузот на борците на Македонија.

Погребот ќе се одржи утре во 14 часот на Градските гробишта во Бутел.






Телеграма со сочувство до семејството испратија претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борци, Никола Стојановски и претседателот на Градскиот одбор, Трајко Стаматоски.

Премиерот  Зоран Заев упати телеграма со сочувство до семејството на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов.

– Во овие моменти на семејна тага дозволете ми од мое име, и од име на Владата на Република Северна Македонија, да Ви изразам искрено сочувство за смртта на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов.  Првоборецот на НОВ Раде Гогов, кој како млад 18 годишен партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ, останува во нашите срца и сеќавања како борец кој остави своја неизбришлива трага во македонската историја, како првоборец за нејзиното ослободување, самобитност, државност и независност. Неговата посветеност кон стратешките цели на државата и кон борбата за поубаво, слободно и напредно општество, го прават неговиот животен пат судбински испреплетен со патот на нашата татковина. Како борец на НОБ, ќе остане запаметен по храброста и неговите преданија за македонската борба за слобода – се вели во телеграмата со сочувство од Заев.

Нека му е вечна славата“.

Поврзани содржини