Почина Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“

1,570

Од последиците на сообраќајната несреќа почина хрватскиот композитор и музичар Рајко Дујмиќ (65), објавија хрватските медиуми.

Славниот хрватски кантавтор се здоби со опасни повреди кога минатата недела, во средата во страшна сообраќајна несреќа во местото Стари Лаз, на подрачјето на Равна Гора, го изгубил надзорот над своето возило и слетал во провалија.






Дујмиќ минатата среда ја изгубил контрола врз своето возило и паднал во бездна длабока 11 метри.

Поради повредите, со возило на брза помош бил пренесен во Клиничко болничкиот центар во Риека. Дујмиќ се здобил со тешка повреда во главата, и паднал во кома. Од несреќата па сѐ до денеска, тој не се разбудил. Лекарите се бореле за неговиот живот, но, му немало спас.

Рајко Дујмиќ беше член на групата „Нови Фосили“ и е автор на многубројни хитови.

Поврзани содржини