ПОЧИНА ПРОФЕСОРОТ МИЛЕ ДИМИТРОВСКИ Беше раководител на Лабораторијата за мотори и автор на многу трудови

Погребот ќе се одржи во среда, на 30 април, со почеток во 11:30 часот на гробиштата Бутел.

739

На 75-годишна возраст почина проф. д-р Миле Димитровски, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет.

Доајен на научната мисла во областа на машинството во Македонија, проф. Димитровски остави значаен печат не само во академската заедница, туку и во општествениот и социјалниот живот.






Како раководител на Лабораторијата за мотори, тој беше автор на бројни научни и стручни трудови и книги, со што даде несебичен придонес во развојот на инженерската мисла.

Беше и основач и прв претседател на Комората на овластени инженери на Македонија, поставувајќи темели за професионалниот развој и етика во инженерската фела.

Погребот ќе се одржи во среда, на 30 април, со почеток во 11:30 часот на гробиштата Бутел.

Поврзани содржини