ПОЧИНА ПРОФЕСОР КИРИЛ ТЕМКОВ Беше доајен на Институтот за филозофија

Темков бешев врвен професор со меѓународно реноме, автор на голем број книги, учебници и научни трудови од областа на филозофијата, етиката, менаџерството, уметноста, естетиката, џез музиката.

1,043

На 82-годишна возраст денеска во Скопје почина Кирил Темков, професор по филозофија, етика и естетика на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.

Темков бешев врвен професор со меѓународно реноме, автор на голем број книги, учебници и научни трудови од областа на филозофијата, етиката, менаџерството, уметноста, естетиката, џез музиката. Беше поборник за воведување на предметот Етика во училиштата. Според неговите учебници се изведува наставата по Етика во основните и во средните училишта во земјава.






Превел на македонски јазик дела на врвни светски филозофи и автори, а предавал и на бројни универтзитети надвор од Македонија,

Роден е во Кавадарци во 1943 година, во занаетчиско семејство. Учел во Белград и во Скопје, дипломирал (1968) и докторирал филозофија (1982) на Универзитетот „Свети Кирил и Метоиј“ во Скопје. Беше асистент, предавач, вонреден и редовен професор по Етика, Естетика, Филозофија на менаџерството, Филозофија на политиката, Еколошка етика, Биоетика, Менаџерска етика, Педагошка етика и Филозофија на образованието при Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Поврзани содржини