Почина професор Димитар Ќорнаков, историчар на уметноста и публицист
Ќорнаков (роден во 1927, Стојаково, Богданечко) најголем дел од својата истражувачка и научна работа ѝ посветил на уметноста на копаничарството.
Во Скопје, на 92-годишна возраст, почина проф. д-р Димитар Ќорнаков, македонски историчар на уметноста и публицист, припадник на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност.
Ќорнаков (роден во 1927, Стојаково, Богданечко) најголем дел од својата истражувачка и научна работа ѝ посветил на уметноста на копаничарството.
Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои и наградите „Свети Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата и „13 Ноември“ на Град Скопје.
Повеќе од 35 години работел во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата како историчар на уметноста, а последните години од работниот стаж бил во Институтот за старословенска култура во Прилеп.
Бил повеќегодишен директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, а како стипендист на италијанската влада бил на специјализација во Рим, во Централниот институт за реставрација, во 1962 и 1963 година.