ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ ПОЕТ МИХАИЛ РЕНЏОВ Зад себе остави голем опус поезија и проза

Меѓу познатите збирки поезија на Ренџов се и „Иселеник на огинот“ (поезија, 1965); „Ноќно растење на зборот“ (поезија,1967); „Каде од оваа страна“ (поезија, 1968, „Издишки“ (поезија, 2013). Последната поетска збирка „Зраци“ ја објави во 2023.

653

На 88 години почина познатиот поет, прозаист и преведувач Михаил Ренџов. Веста на социјалните мрежи ја објави неговиот син Петар.

Ренџов беше исклучително плоден поет, автор е на дваесетина збирки поезија. Дипломирал на Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, но неговата голема љубов беа поезијата и литературата, па со години работел во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје и беше член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).






Меѓу познатите збирки поезија се и „Иселеник на огинот“ (поезија, 1965); „Ноќно растење на зборот“ (поезија,1967); „Каде од оваа страна“ (поезија, 1968, „Издишки“ (поезија, 2013).

Последната поетска збирка „Зраци“ ја објави во 2023.

Го превел и епот „Гилгамеш“.

Ренџов е добитник е на бројни награди меѓу кои: „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата Нерези (1982), „Григор Прличев“ за поемата „Тој“ (1993), „Ацо Шопов “ за книгата „Јас Оксиморон“ (1999), „Рациново признание“ за книгата „Захариј и други раскази“ (2004), „Григор Прличев“ за поемата „Предвесница“ (2009), „Браќа Миладиновци“ за книгата „Јас. Елегии“ (2017).

Во 2022 го доби орденот „Свети Никола“, што се доделува на заслужни граѓани кои се родени и потекнуваат од Штип.

 

Поврзани содржини