Познатиот кантри-пејач Џо Дифи починал во неделата на 62-годишна возраст по компликации поради коронавирусот, јавија светските медиуми.
Американскиот пејач, кој врвот на кариерата ја доживеа во 90-тите години, пред два дена дознал дека е позитивен на ковид-19, а тажната вест за неговата смрт ја потврди неговиот менаџер.
„Кантри музичката легенда Џо Дифи почина денеска, во недела 29 март, поради последици од коронавирусот. Неговото семејство замолува за приватност“, напишал менаџерот.
Џо Дифи снимил 13 албуми и имал над 20 Топ 10 хитови.
Пејачот бил смирен кога дознал дека е заразен. Откако дознал дека има коронавирус, се обратил на јавноста со соопштение:
„Медицинскиот персонал се грижи за мене и во моментов се лекувам. Моето семејство и јас бараме приватност во ова време. Сакаме да ја потсетиме јавноста и сите мои обожаватели да бидат внимателни за време на пандемијата“, навел Дифи уште во петокот во соопштението.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин