Почина познатиот бугарски кардиохирург Александар Чирков

Чирков ја изврши првата трансплантација на срце во Бугарија уште во 1986 година со што се здоби со популарност во светски рамки.

1,816

Познатиот бугарски кардиохирург  Александар Чирков почина утрово во Варна на 82-годишна возраст, објавија бугарските медиуми.

Според медиумите, утрото во 3. 30 часот, во хотел во Варна му се слошило. Покачил температура, а состојбата продолжила да му се влошува. И покрај напорите на лекарите, починал кратко по тоа. Информациите говорат дека тој немал ковид-19.






Чирков ја изврши првата трансплантација на срце во Бугарија уште во 1986 година со што се здоби со популарност во светски рамки.

Роден е во Лом во 1938 година. Некои од неговите предци биле лекари, други трговци. Дел од неговите роднини во 1940-тите години емигрирале во Германија, започнуваќи таму бизнис. Братот на татко му, заминал за Хајделберг, таму завршил медицина и изградил клиника во западен Берлин.

 

Тој специјализирал кај познатиот кардиохирург, професор Бихлер во западен Берлин во 1966 година, и бил лекар во тамошната Универзитетска болница, а потоа се префрлил во Западна Германија – на Универзитетот во Франкфурт на Мајна и на Универзитетот во Фрајбург, каде што е професор од 1981 година.

Во 1984 година се вратил во Бугарија на покана од академик Атанас Малеев, ректор на Медицинската академија и заменик министер за здравство. Беше основач и долги години директор на болницата Светаи Катерина во Софија.

Поврзани содржини