ПОЧИНА ПОЗНАТАТА АКТЕРКА Ракел Велч беше симбол на сексипилноста на своето време
Велч неретко се истакнува како модел за модерните акциони хероини во холивудските филмови, а неколку списанија ја прогласија за една од најсекси филмски ѕвезди на сите времиња.
Американската актерка и еден од најголемите холивудски секс симболи Ракел Велч почина на 82 години, потврди нејзиното семејство за сајтот ТМЗ. Нејзиниот менаџер кажа дека починала по кратко боледување.
View this post on Instagram
Велч ја почна актерската кариера во првата половина на 1960-ите, а се прослави со филмовите „Фантастично патување“ и „Милион години пред нашата ера“ од 1966. Во вториот филм глумеше во оскудна облека, што го зацементира нејзиниот статус на секс симбол.
View this post on Instagram
Во 1975 година освои Златен глобус за најдобра актерка за „Тројцата мускетари“, а за оваа награда повторно беше номинирана во 1988.
View this post on Instagram
Велч неретко се истакнува како модел за модерните акциони хероини во холивудските филмови, а неколку списанија ја прогласија за една од најсекси филмски ѕвезди на сите времиња. Во кариерата што се протегна низ шест децении играше во повеќе од 70 филмови и ТВ-серии.
View this post on Instagram