Познатата актерка Галин Горг почина на 55-годишна возраст, на 14 јули, ден пред својот роденден.
Актерката која имаше најзначајни улоги во „RoboCop 2“, „Twin Peaks“ и „Fresh Fresh of Bel-Air“, ја загуби битката со карциномот.
Иако ѝ дијагностицирале рак по целото тело и белите дробови, нејзиното семејство не било свесно за сериозноста на ситуацијата, па за нив нејзината смрт, сепак, дошла како шок.
Галин боледувала од рак, а нејзиното семејство ја извести јавноста дека таа починала во вторникот, само еден ден пред својот 56-ти роденден.
Тие истакнале дека Горг била великодушна и мила личност.
„Гелин Горг беше голем дел од нашето семејство, на секој еден од нас му значеше многу. Ѝ дијагностицираа рак кој што се прошири по целото нејзино тело и на белите дробови. Лекарите рекоа дека има само уште неколку денови или седмици живот, но таа остана оптимист и сите се молеа за чудо, за жал, почина. Не знаевме колку беше болна и дијагнозата за нас беше шок. Без размислување купивме карти за Оах, каде што одеше на третмани. Потрошивме многу пари и време, а сега треба донации за погребот. Секоја помош е добредојдена, па дури и молитвите“, напишало семејството на актерката кое што досега собрало 2.000 долари.
Инаку, Гелин освен со актерство се занимавала и со продукција и танц.
Rest In Peace Galyn Gorg. Twin Peaks and Robocop 2 actress. pic.twitter.com/0OhxBPYqzx
— Ian Young ⚽️🎬📖📱 (@ianyoungkop) July 15, 2020
FOTO: Твитер