ПОЧИНА ПОВРЕДЕНИОТ ВО ПРЕСТРЕЛКАТА НА БИТ-ПАЗАР Убиениот е син на поранешен командант на ОНА од Арачиново

Засега не е познато кој е напаѓачот, ниту пак мотивите за пукањето врз младиот човек.

1,075

31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар.

Според информациите тој им подлегнал на повредите во операционата сала на Клиничкиот центар во Скопје, каде што бил итно пренесен со прострелни рани на главата, градите и други делови од телото.






Засега не е познато кој е напаѓачот, ниту пак мотивите за пукањето врз младиот човек.

Според неофицијални информации, загинатиот жител на Арачиново е син на Назим Сулејмани-Аруша, поранешен командант на ОНА од скопското село, кој почина во 2018 година.

Во полициското соопштение се наведува дека околу 14:00 часот било пријавено дека на улицата „Војдан Чернодрински“ во реонот на Бит Пазар имало пукање.

Поврзани содржини