Поранешниот партнер на Џенифер Лопез, Дејвид Круз (51), починал во саботата, пренесува „TMЗ“.
За неговата смрт сè уште нема многу информации, но наводно починал поради проблеми со срцето.
Круз и Лопез беа во врска речиси 10 години, а почнале да се гледаат кога пејачката имала само 15 години. Нивната љубов сепак не успеала, а Џенифер денес е свршена со поранешниот играч на бејзбол Алекс Родригез (44).
Долгогодишната партнерка на Круз, Иса, за „TMЗ“ раскажала дека тој му бил добар татко на нивниот син, кој сега е дел од маринците.
– Беше љубезен, мил и отворен. Сакаше да одиме во театар и да гледаме бејзбол натпревари. Никогаш не забораваше да ми каже „те сакам“ – рекла скршената Иса.
FOTO: Printskrin/Tviter