ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ФУДБАЛЕР ВАСИЛ РИНГОВ Остави голема трага во македонскиот фудбал

Рингов е поранешен македонски, но и југословенски репрезентативец. На клупски план остави длабока трага во тимот на Вардар.

2,742

Почина поранешниот фудбалер Васил Рингов, еден од најголемите фудбалери во македонскиот фудбал.

Рингов е поранешен македонски, но и југословенски репрезентативец. На клупски план остави длабока трага во тимот на Вардар.






Настапуваше и за белградски Партизан, Динамо Загреб, германскиот Ахнтрахт Брауншвајг. Во Македонија беше член и на Тетекс и на Беласица, каде што ја почна кариерата.

За Вардар одигра повеќе од 200 натпревари, во кои постигна 93 гола.

Рингов почина на 70-годишна возраст, по кратко боледување.

Поврзани содржини