Почина басистот на легендарната група „ AC/DC“ Пол Метерс, кој се приклучи на бендот во 1975 година, почина.
Тој се приклучи на бендот по објавувањето на албумот „High Voltage“, кога го замени оригиналниот басист Лери фон Кредит. Сепак, покојниот фронтмен Бон Скот го отпушти по само неколку недели.
Метерс го напушти светот на музиката по разделбата со легендарните австралиски рокери, а во бендот беше заменет со Марк Еванс. Пред AC/DC, Метерс свиреше бас за групата „Армагедон“. Тој, наводно, добил отказ од бендот затоа што бил „премногу убав, премногу независен“, пренесува guitarworld.
Метерс потоа дадоа само едно интервју, во кое тој рече дека бил „мрзлив“, и дека немал што да јаде поради немањето пари.
Смртта на Метерс беше објавена на Фејсбук од неговиот пријател Род Вескомб, кој откри дека музичарот „живеел повлечено во подоцнежните години“ и дека „рокенрол – начинот на живот имал последици по неговото здравје“, пренесува „Дејли мејл“.
„Тој секогаш можеше да ме насмее. Го изгубивме контактот кога тој се пресели, како и многу други луѓе. Како што слушнав, тој живееше повлечен живот во неговите подоцнежни години, бидејќи неговото здравје беше нарушено поради рокенрол – стилот на живот во младоста“, напиша Вескомб.
ФОТО: Јутјуб