Почина поранешната мис на Америка, по повреда на главата ФОТО

744
Поранешната Мис на Америка и актерка Ленза Корнет почина, пренесува „Дејли мејл“. Таа почина на 49-годишна возраст откако се лекувалз во болница во Џексонвил поради повреда на главата која ја здобила на 12 октомври.

– Ленза имаше ведар и прекрасен дух, нејзиното смеење беше заразно. Знаеме дека тоа многу им значеше на многумина, вклучително и на сите вас. Ние сме скршени од ненадејната загуба во нашето Мис Америка семејство и изразуваме длабоко жалење до семејството и блиските пријатели за загубата – стои во соопштението на организаторите на натпреварот Мис Америка.

Корнет победи на изборот за Мис на Америка во 1993 година, една година откако стана Мис на Флорида.

Изминатите години, таа ја глумеше Ариел во продукцијата во живо на „Мали сирени“ во одморалиштето на Флорида на Волт Дизни. Беше во брак со новинарот и актер Марк Стејнс (56) од 1995 до 2013 година, а парот доби два сина, Ејвери (16) и Каи (18).

Корнет победила на натпреварот Мис Америка во 1993 година, една година откако станала Мис Флорида.

„Со тешки срца ја споделувам со вас загубата на мојата поранешна сопруга Ленза, мајката на нашите два извонредни синови. Ние секогаш ќе се сеќаваме на прекрасните моменти што ги проживеам за време на нејзиниот краток престој овде на земјата. Се тешам кога знаејќи дека Каи и Ејвори засекогаш ќе го имаат најдобриот ангел чувар кој ќе ги надгледува додека се движат по животниот пат“, напиша Марк на Инстаграм.

 

Cornett was wed to Mark Steines from 1995 until 2013; he took to social media on Wednesday in the wake of her tragic death
ФОТО: Фејсбук/Инстаграм
Поврзани содржини