ПОЧИНА ПОРАНЕШНА ФИНАЛИСТКА НА ИЗБОРОТ ЗА МИС УНИВЕРЗУМ Причината за смртта на 35-годишната ЛаТоја Малколм сè уште не е објавена

Тажна вест пристигна од Јамајка, каде што актерката, танчерка и поранешна финалистка на Мис Универзум, ЛаТоја Малколм, почина на 35-годишна возраст.

182

Поранешната финалистка на Мис Универзум Јамајка, ЛаТоја Малколм, почина на 35-годишна возраст. Тажната вест ја потврди организацијата Мис Универзум Јамајка, која се збогува со неа во трогателна објава на социјалните мрежи.

– Длабоко сме тажни поради смртта на нашата членка ЛаТоја Малколм, која гордо се натпреваруваше на изборот за Мис Универзум Јамајка 2024. Нашето искрено сочувство до нејзиното семејство, пријателите и сите што ја сакаа. Почивај во мир, ЛаТоја, никогаш нема да те заборавиме – соопшти организацијата.






Причината за смртта сè уште не е објавена.

ЛаТоја учествуваше на изборот за Мис Универзум Јамајка минатата година, но победи Рејчел Силвера. Истата година, таа ја освои титулата Мис Јамајка Бикини Интернешнл, која, според странските медиуми, му ја посветила на својот татко, кој починал претходно во 2024 година.

Покрај светот на изборите за убавина, Малколм со години градела кариера во забавната индустрија. Таа беше актерка и забавувачка со повеќе од десет години искуство, работеше како инструкторка по танц и телевизиска водителка, а беше вклучена и во хуманитарниот проект „Транзиција“, преку кој им помагаше на младите луѓе обезбедувајќи им образование и поддршка. Нејзината последна објава на Инстаграм датира од 3 јули, кога сподели фотографии од зад сцената од гостувањето на TVJ Smile Jamaica. Веста за нејзината смрт ги шокираше нејзините пријатели, колеги и обожаватели. Актуелната Мис Универзум Јамајка, Габриел Хенри, се збогува со ЛаТоја со емотивна порака.

– Веста за смртта на ЛаТоја е голема загуба за нејзиното семејство и за цела Јамајка. Нејзиното наследство ќе остане засекогаш, а нејзиниот глас никогаш нема да биде заборавен. Моето најдлабоко сочувство до нејзиното семејство. Почивај во мир – напиша таа.

Стотици пораки на неверица и тага наскоро почнаа да се појавуваат под официјалното соопштение на организацијата. Многумина признаа дека сè уште не можат да ја прифатат веста, додека други се прашуваа што се случило бидејќи причината за смртта не е позната.

Бројни пријатели ја опишаа ЛаТоја како топла, весела и талентирана личност која остави силен белег во животите на сите што ја познаваа.

Поврзани содржини