Почина Питер Грин, еден од основачите на бендот Флитвуд Мек
Заедно со седумте други членови на групата во 1998 година беше вброен во Домот на славните на рокенролот, а се прослави со нумерите како што се „Albatross“ и „Black Magic Woman“.
Питер Грин, еден од основачите на британската рок-група Флитвуд Мек, умре на 73-годишна возраст, објави во саботата адвокатското биро на неговото семејство.
– Со голема тага семејството на Питер Грин обајвива дека почина викендов, мирно во сон, се наведува во изјавата која ја пренесе новинската агенција Press Association (PA).
Роден како Питер Ален Гринбаум, во 1946 година во Лондон, Грин беше познат британскио блуз-рок гитарист, пејач, кантавтор и движечка сила на беднтот Флитвуд Мек“.
Заедно со седумте други членови на групата во 1998 година беше вброен во Домот на славните на рокенролот, а се прослави со нумерите како што се „Albatross“ и „Black Magic Woman“.
Групата ја основаше со тапанарот Мик Флитвуд во 1967 година во Лондон. Грин го напушти бендот веќе по три години, во 1970 година поради нарушено ментално здравје.