ПОЧИНА ПЕЈАЧОТ ШПАТ КАСАПИ Беше син на експратеничка на СДСМ

Касапи имал искуство и како советник за култура и општество на првиот вицепремиер во претходната Влада, Артан Груби.

0

Познатиот поп пејач Шпат Касапи, почина денеска рано наутро по срцев удар.

Шпат Касапи е роден на 1 мај 1985 година во Тетово. Пораснал во семејство со музичка традиција, која силно влијаела врз неговото уметничко оформување.






Кариерата ја започна на почетокот на 2000-тите и многу брзо се претвори во идол на младите. Шпат беше важна фигура на албанската поп-музика.

Зад себе остави сопруга и едно дете.

Касапи имал искуство и како советник за култура и општество на првиот вицепремиер во претходната Влада, Артан Груби.

Касапи е син на експратеничката од СДСМ, Ѓулумсер Касапи.

Поврзани содржини