ПОЧИНА ОРИГИНАЛНАТА СРЕДА АДАМС ОД КУЛТНАТА СЕРИЈА Актерката била на апарати

Актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“, почина во саботата на 28 јануари како последица од мозочен удар.

329

Актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“, почина во саботата на 28 јануари како последица од мозочен удар, на 64-годишна возраст.

Нејзината блиска пријателка Лор Џејкобсон ја сподели трагичната вест на Фејсбук:






„Со голема тага ве информирам дека нашата пријателка Лиза Лоринг почина. Пред четири дена доживеа масивен мозочен удар предизвикан од пушење и висок крвен притисок. Таа беше на апарати за одржување во живот три дена. Вчера нејзиното семејство ја донесе тешката одлука да ја исклучат од апарати и таа почина синоќа“.

Лиза беше оригиналната Среда Адамс (Wednesday Addams), а деновиве овој познат лик во кино е повторно во центарот на вниманието благодарение на хит серијата на продуцентската куќа Нетфликс „Wednesday“ (Среда).

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @lisalorinng


Актерката го „оживеа“ ликот на Среда кога имаше само шест години, а серијата се прикажуваше од 1964 до 1966 година и имаше 64 епизоди.

„Таа е неизоставен дел од поп културата и во нашите срца секогаш ќе биде Среда Адамс. Убава, љубезна, сакана мајка… Наследството на Лиза во светот на забавата е огромно! А наследството што го остави на семејството и пријателите, хуморот, наклонетоста и љубовта, таа уште долго ќе живее во нашите срца. Почивај во мир Лиза. Проклетство, девојко… беше многу забавна“, напиша пријателката Лор на социјалните мрежи.

Лоринг се мажела четири пати, а зад неа останаа две ќерки – Маријана и Ванеса, како и внуците Емилијана и Чарлс.

ФОТО: Јутјуб/Инстаграм

Поврзани содржини