Американскиот пејач Џони Неш, познат по реге-хитот од 1972 година „I Can See Clearly Now“ почина на 80-годишна возраст, изјавил неговиот син Џон Неш Трети.
Неш починал од природна смрт во вторникот во неговиот дом.
– Тој беше прекрасен татко и семеен човек. Тој ги сакаше луѓето и светот. Ќе недостасува во нашата заедница. Семејството за него беше сè – изјавил синот на пејачот за ТМЗ.
Хитот „I Can See Clearly No“, беше издаден во 1972 година и беше четири недели на врвот на „Билборд Хот 100“ листата на најпопуларните синглови објавувани неделно во САД од магазинот „Билборд“.
Последниот студиски албум на Џони Неш, „Here Again“, беше издаден во 1986 година.