Почина од ковид пациент вакциниран со две дози „Синофарм“, а заразена е и вакцинирана пациентка

Според д-р Нуредини, сега е потребно стручните лица да се огласат и да го кажат своето стручно мислење за ваквите случаеви за тие да не се искористат како агумент против вакцинирањето на лицата кои имаат хронични болести.

5,575

Во Клиничката болница во Тетово вчера починал 62-годишен пациент кој бил заразен со ковид-19 иако претходно примил две дози од вакцината на „Синофарм“. Починатиот освен што бил позитивен на ковид-19 имал и други заболувања, јави Сител.

Според раководителот на ковид центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини, втората доза од вакцината на „Синофарм“ пациентот ја примил на 6 јуни, но имал и коморбидитети меѓу кои хронична бубрежна болест, кардиомиопатија и хипертензија.






-Пациентот починал вчера. Не сакаме со овој случај да ги уплашиме другите лица кои имаат коморбидитети и ова да им послужи како изговор да не се вакцинираат. Овој случај е малку тешко да се објасни. Познато е дека вакцинираниот може да се инфицира и да биде позитивен и на брис и на клиничка слика. Во овој случај имавме пациент кој имал хронични бубрежни проблеми, хипертензија а воедно бил и позитивен на тест и сето тоа го правело како тежок пациент – изјави д-р Нуредини.

Лекарот вели дека  не треба да се земе како правило дека секогаш ќе се случува и не треба да биде демотивираки момент за другите пациенти кои имаат по две или три хронични болести.

– Ние очекуваме и во наредниот период да имаме ковид позитивни пациенти кои во меѓувреме се вакцинирале. Освен овој случај, имаме уште една пациентка на 37-годишна возраст која исто така била вакцинирана. Таа иако има и ендокринолошка болет, поради тоа што е позитивна на ковид-19 пратена е кај нас. Денеска во Клиничката болница на лекување има седум пациенти, освен оваа пацинтка која примила две дози, другите шестмина не биле вакцинирани – изјави д-р Нуредини.

Според д-р Нуредини, сега е потребно стручните лица да се огласат и да го кажат своето стручно мислење за ваквите случаеви за тие да не се искористат како аргумент против вакцинирањето на лицата кои имаат хронични болести.

Поврзани содржини