ПОЧИНА О ЏЕЈ СИМПСОН Контроверзниот американски фудбалер обвинет за двојно убиство, боледуваше од рак на простата

О Џеј Симпсон е поранешен великан на американскиот фудбал, но најпознат стана по судењето за двојното убиство на поранешната сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Рон Голдман во 90-тите години.

363

Во Лас Вегас на 76-годишна возраст почина Орентал Џејмс Симпсон, познат само како О Џеј Симпсон. Последните денови од животот О Џеј Симпсон ги поминал со своето семејство во Лас Вегас. Тој  боледувал од рак на простата, а состојбата му се влошила последните неколку месеци.

О Џеј Симпсон е поранешен великан на американскиот фудбал, но најпознат стана по судењето за двојното убиство на поранешната сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Рон Голдман во 90-тите години.






Симпсон пред три децении беше ослободен од обвинението за двојно убиство што ја шокираше Америка. Сепак, тој заврши во затвор за вооружен грабеж, напад со смртоносно оружје и десет други злосторства извршени во 2007 година во хотел во Лас Вегас.

Семејството соопшти дека тој бил опкружен со неговите деца и внуци кога починал вчера вечерта.

О Џеј Симпсон зад себе остави четири деца: Арнел и Џејсон од првиот брак и Сиднеј и Џастин од бракот со Никол Браун Симпсон.

Поврзани содржини