ПОЧИНА НОВИНАРОТ ТОДОР ПЕНДАРОВ Причина за смртта е коронавирусот
Во својата кариера Пендаров беше дописник за Радио Скопје од Љубљана на што беше особено горд во своите телевизиски настапи и споделуваше искуства од напредната и организирана Словенија.
Новинарот Тодор Пендаров почина денеска, а причина за смртта е коронавирусот. Тој првично ја прележал болеста, но подоцна се соочил со последици заедно со претходни здравствени проблеми на белите дробови.
Во својата кариера Пендаров беше дописник за Радио Скопје од Љубљана на што беше особено горд во своите телевизиски настапи и споделуваше искуства од напредната и организирана Словенија.
Долги години беше советник за односи со јавност во Собранието, како дел од Кабинетот на спикерот Трајко Вељановски.