ПОЧИНА НОВИНАРОТ САШЕ ДИМОВСКИ Беше експерт за правосудство и претседател на Советот на честа на ЗНМ

Неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

1,420

Почина новинарот Саше Димовски кој во јавноста беше познат по следењето на случувањата во правосудниот систем. Димовски почина на 47 годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации.

Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.






Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, основач е на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.

 

Поврзани содржини
na