ПОЧИНА НОВИНАРКАТА ВАЛЕНТИНА БАЗЕРКО Позната е по негување на современиот радио израз
Новинарката Валентина Базерко почина вчера (сабота) на 62-годишна возраст.
Новинарската кариера ја започна во „Млад борец”, а потоа работеше во Македонското радио. Беше борец за правда и професионализам, дописник од Тајван, известуваше од значајни меѓународни конференции.
Базерко беше партизанска внука и ќерка која и покрај животните удари го сакаше новинарството и работата, се грижеше за негување на македонскиот јазик и за современиот радио израз.
Колегите од сите медиуми се простуваат од Валентина Базерко.