ПОЧИНА НЕВЕНА КОЧОВСКА 30 години беше вокалистка во ,,Мањифико”

587

Музичката дива и вокалистката во легендарната група ,,Мањифико“ позната по раскошниот алт, Невена Кочовска, почина денеска на 81-годишна возраст.

Повозрасните генерации ја паметат Невена и нејзиниот сопруг Панче по обработките на латино-американските хитови, но и на староградски македонски песни.

„Мањифико“ во својата тридецениска кариера имаше гостувања во многу земји, снимија голем број на албуми, а нивните изданија се продаваа во сребрен или взлатен тираж. Ансамблот имаше кариера која траеше три децении.

Невена долги години боледуваше од Алцхајмер.

Таа е мајка на актерката Тања и на пејачката Лидија Кочовска.

Тито го канел „Мањифико“ да настапува пред дипломатскиот кор во тогашната СФРЈ, а мексиканскиот претседател им подарил оригинални мексикански носии за настапите. На четворката, по 10 години ѝ се приклучува и извонредниот гитарист и пејач Петар Галев. Во „Мањифико“ во одредени периоди значајно учество имале и Јане Коџабашија, Миле Лукаров и Миле Барбаровски. Во текот на 31- годишното постоење „Мањифико“ настапила во 37 земји на сите континенти, имала 3.700 концерти и 600 добротворни настапи, кои ги посетиле преку 7 милиони гледачи. И дискoграфската продукција на „Мањифико е импозантна“: 28 мали грамофонски плочи, 5 албуми, 4 аудио касети, 1 видеокасета, 3 аудио компакт дискови и 1 DVD, речиси сите продадени во златен или сребрен тираж.

Радиостаниците за „Мањифико“ емитувале 192 емисии, а на 16 ТВ станици се снимени 140 полчасовни и едночасовни шоу програми. Нивниот концертен репертоар е составен од 320 песни, најмногу од латиноамериканско и шпанско поднебје, но и од светски евергрини, како и македонски староградски бисери.

Поврзани содржини