Почина најлошиот сериски убиец во историјата на САД! Уапсен за 3 убиства, а потоа призна 93 злосторства! (ВИДЕО)

Поранешниот боксер ги убил своите жртви, најчесто проститутки и зависници од дрога, удирајќи ги силно или гушејќи ги.

844

Самуел Литл, човекот кој ФБИ го опиша како најлошиот сериски убиец во историјата на САД, почина на 80-годишна возраст.

Литл почина вчера во болница во Калифорнија, соопшти Министерството за поправки и рехабилитација на таа држава, пренесува „BBC“.






Од 2014 година тој издржуваше доживотна казна затвор за убиство на три жени. Но, до времето на неговата смрт, тој призна дека убил 93 жени помеѓу 1970 и 2005 година во околу 15 американски држави.

Поранешниот боксер ги убил своите жртви, најчесто проститутки и зависници од дрога, удирајќи ги силно или гушејќи ги.

Полицијата верува дека признанијата на Литл се веродостојни и отвориле страница на Интернет каде снимките од признанието на убиецот се многу точни, а понекогаш и со насмевка зборуваше за убиствата, а бројните жртви сè уште не се идентификувани.

Објавени се и портрети на жртви направени според сеќавањето на сторителот во обид да ги идентификуваат.

– Се проценува дека многу од овие смртни случаи биле предизвикани од предозирање или се сметало дека се случајни смртни случаи или од непозната причина. Некои тела никогаш не биле пронајдени – објави ФБИ на својата веб-страница.

Самуел Литл, познат и како Мекдауел, првпат беше уапсен во 2012 година во центар за бездомници поради дрога и беше пренесен во затвор каде што со ДНК анализата се расветли смртта на три жени кои дотогаш не биле објаснети. Во 2014 година тој беше осуден за трите убиства што ги извршил во Лос Анџелес меѓу 1987 и 1989 година. Сите три жени биле претепани и задавени.

Поврзани содржини