Британскиот легендарен возач, Сер Стирлинг Мос кој важеше за еден од најдобрите Формула 1 возачи на сите времиња ја загуби битката со болеста и почина на 90 годишна возраст.
Мос, исто така, е првиот Британец која ја освои Големата награда на Велика Британија победувајќи го Фанџо во 1955 година. Неговото име на Островот е синоним за брзина.