Почина мојот татко Зафир: Со потресна објава Васил Хаџиманов се прости од својот татко ФОТО

1,340

Зафир Хаџиманов, филмски актер, пејач, композитор и татко, почина од последици од коронавирусот на 78-годишна возраст, а неговиот син Васил се прости од него на социјалните мрежи.

„Почина мојот татко Зафир. Неговото големо срце не успеа да ја победи битката со оваа грозна болест. Зад себе остави вистинско богатство, од песните што толку мајсторски ги пееше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, книги поезија и проза па сè до ненадминливите улоги во театарот и на филм“, напиша Васил и додал:






„Но, пред и над сè, на своето семејство и на најблиските секогаш несебично им ја даваше својата неизмерна љубов, внимание и поддршка. Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде во секоја ситуација и да остане на нозе, енергијата се’ што работи секогаш да го прави тоа со целото свое битие, а притоа и истовремено да биде врвен шмекер.. Тоа мора да се памети. Да се памети и да се почитува! Те сакаме тато и засекогаш ќе ни недостасуваш!“, напишал Васил на Фејсбук.

 

May be an illustration

 

ФОТО: Фејсбук

Поврзани содржини