Чајна, хип-хоп музичарка во подем, која ја започна својата кариера како модел, а потоа се истакна и со талентот за музика, почина во родната Филаделфија во средата, потврди нејзиниот менаџер Џон Милер, додавајќи дека причината за смртта сè уште не е позната.
Чајна имаше само 25 години.
Раперката беше позната по својата соло работа, но и по соработката со хип-хоп колективот АСАП Моб, а честопати зборуваше за смртта во своите песни.
Веста за нејзината смрт го шокираше светот на хип-хоп музиката, при што многумина се збогуваат од неа на социјалните медиуми.
– Таа беше исклучително инспиративен и уникатен уметник и личност – рекол Милер.
Чајна започнала да се занимава со моделство на 14-годишна возраст, откако била откриена од агенцијата „Форд моделс“, за која работела три години. Кога имала 15 години, Чајна на Твитер го контактирала раперот АСАП Јамсу и го замолила за соработка. Почнала да објавува песни и да настапува со екипата АСАП Моб.
Нејзините песни се преслушани милиони пати на музичките платформи SoundCloud и Spotify, а меѓу нејзините хитови се наоѓаат „Selfie“ и „Glen Coco“.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин