Еден од најдобрите угостители во Македонија, Мирко Голомеиќ почина денеска по кратко боледување од срцеви компликации. Тој пред само неколку дена наполни 59 години. Погребот ќе се одржи утре во 12 часот, на гробиштата во Горно Лисиче.
Мирко е основач и сопственик на семејната групација „Рагуза”, меѓу кои се и бутик-хотелот „Вила Рагуза“ на Водно, ресторанот „Рагуза 919“, ресторанот „Парк“ и игротеката „Киндер Парк“ во Градски парк, како и ресторанот „Рагуза360“.
Бизнисот го започна во 1993 година, кога заедно со семејството го отворија ресторанот „Мирко 919“, кој сега е познат по името „Рагуза919“.