ПОЧИНА МЕРИМА ЊЕГОМИР Српската пејачка се бореше со тешка болест

Мерима неодамна откри дека води тешка битка со ракот. Тогаш изјави дека не се чувствува добро, но дека не се откажува од борбата.

1,151

Легендарната југословенска пејачка на народна музика, Мерима Његомир, почина утрово на 68-годишна возраст, информираат српските медиуми.

Инаку, Мерима неодамна откри дека води тешка битка со ракот. Тогаш изјави дека не се чувствува добро, но дека не се откажува од борбата.






– Здравствената состојба ми е лоша, се борам со тешка болест, големиот број лекари и стручњаци ми даваат надеж дека ќе оздравам. Моето семејство ми е најголема поддршка и некако полесно се чувствувам кога тие се до мене – изјавила пејачката.

Његомир зад себе остави 25 албуми и безвременски хитови кои ги памети цела поранешна Југославија.

Поврзани содржини