Почина маж на плажа во Охрид, министерот Филипче се обиде да го спаси ВИДЕО
Филипче го реанимирал мажот кој имал околу 70 години, но за жал веќе било предоцна да се спаси човекот.
Средовечен маж починал на една од охридските плажи попладнево како последица на срцев удар, јавува Охрид 1.
Безживотното тело на човекот било извадено од водите, на плажата Метропол, а на снимката се гледа како на помош трча министерот за здравство Венко Филипче, кој бил на 200 метри, на отворање на Европскиот маратон.
Филипче го реанимирал мажот кој имал 70 години, но за жал веќе било предоцна да се спаси човекот.
ВИДЕО: Охрид1