Почина Марија од „Жикина династија“

2,187

Актерката Риалда Кадриќ, позната по улогта на Марија во „Жикина династија“ ненадејно починала синоќа на возраст од 57 години во Атина, каде во последно време и живеела, потврдил нејзин пријател за Курир.рс.

Иста информација добил и еден од продуцентите на продолжението на „Жикина династија“ во кое таа требаше да игра.






Веста за смртта на Риалда ја објави и нејзиниот пријател Душан на Фејсбук и се простил од неа.

– Од нашите животи замина синоќа Риалда Шебек (1963-2021), глумица и психоаналитичарка, драга другарка. Се расплакав, после незнам ни јас колку време – напишал тој.

Риалда стана популарна на 14 години глумејќи во серијалот „Луди години“. Марија Тодоровиќ, подоцна Павловиќ ја играше вкупно осум пати.

Таа одиграла уште неколку помали улоги, а од почетокот на 90-те не се занимаваше со глума.

Поврзани содржини