Мајката на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска била донесена на Клиниката за пулмологија каде што и починала. Таа една година претходно била во тешка здравствена состојба, јави телевизија Телма.
„Посмртно е земен брис за коронавирус и за резултатите дополнително ќе биде информирана јавноста. Генерално, досега немала симптоми на ковид-19”, соопштил кабинетот на претседателот на државата за Телма.