Почина лекарот д-р Сенат Грбовиќ поради компликации од коронавирусот

1,077

 

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Фејсбук објави дека од компликации со коронавирусот почина лекарот д-р Сенат Грбовиќ кој до лани работел како лекар во Брза помош во Здравствениот дом Скопје, а од јануари годинава бил ангажиран во приватна здравствена установа.






„Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. Сочувство до фамилијата на др. Сенат“, напишаа на објавата неговите колеги.

 

Поврзани содржини