ПОЧИНА ЛЕГЕНДАТА НА ЈУГОСЛОВЕНСКОТО КАРАТЕ Владимир Јорга ќе биде запаметен и како еден од основачите на Карате сојузот на Македонијаа

Неговото семејство на Фејсбук обзнани дека денеска ќе биде одржана комеморација за Јорга во хотелот„Crown Plaza, Atlantic/Pacific Hall“ во Белград, кадешто почитувачите на неговото дело ќе можат да се збогуваат со познатиот учител - Сенсеи.

1,403

Почина Владимир Јорга (85 г.), еден од зачетниците на карате спортот во поранешна Југославија. Тој е прв претседател на Југословенската карате федерација. Исто така, Јорга и неговиот брат Илија оставија голема трага и во македонското карате. Имено, тој на многумина им бил тренер и селектор.

Владимир е еден од иницијаторите и учесниците на основачката Конференција на Карате сојузот на Македонија во 1971 година во средното училиште за физичка култура во Скопје.






Неговото семејство на Фејсбук обзнани дека денеска ќе биде одржана  комеморација за Јорга во хотелот„Crown Plaza, Atlantic/Pacific Hall“ во Белград.

 

 

Поврзани содржини