ПОЧИНА ЛЕГЕНДАТА ХАРДИ КРУГЕР Ќе го паметиме по улогата во „Битката на Неретва“
Познатиот актер починал во својот дом во Калифорнија во четвртокот.
Познатиот холивудски актер Харди Кругер со германско потекло, почина на 93-годишна возраст.
Тој го глумеше германскиот полковник Кранцер во југословенскиот филм „Битката на Неретва“ од 1969 година.
Веста за смртта на легендарниот актер ја потврди и неговата агенција.
„Неговата топлина на срцето, радоста на животот и неговото непоколебливо чувство за правда го направија незаборавен“, се вели во соопштението во кое се изразува сочувство до неговата сопруга Анита.
Според локалните медиуми, тој починал во својот дом во Калифорнија во четвртокот.
Кругер глумеше во повеќе од 60 филмови од 1944 година. Љубителите на филмот најдобро го паметат по улогата во филмот „Битката на Неретва“, а глумеше и во бројни европски и американски филмови: „Летот на Феникс“ од 1965 година и германската верзија на „Месечината е сина“, „Недостижниот Мост“ од Ричард Атенборо и Диви Гуски“ (1978) со Ричард Бартон.
Неговата ќерка Кристина Кругер и синот Харди Кругер помладиот се исто така актери.
ФОТО: Јутјуб